Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 169 санкционирани возачи викендот

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (12/13/14.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 47 санкции за брзо возење ,20 санкции за управување под дејство на алкохол, 14 мерки за непрописно паркирање, 13 мерки за неносење на заштитна кацига -шлем, три санкции за користење мобилен телефон при возење….

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »