Press "Enter" to skip to content

Ставен под контрола пожарот над Битола (фото)

Со целосна и континуирана ангажираност на екипите на ТППЕ Битола, поддршка од јавните претпријатија и дополнителна помош од Центарот за управување со кризи, целосно е ставен под контрола пожарот над Битола.Претпладнево како воздушна поддршка на противпожарните екипи, пристигна државна помош за Битола, составена од пет „Ер трактори“, од кои 3 од Дирекцијата за заштита и спасување и два од Турција кои се дел од помошта која стигна за справување на Македонија со пожарите.Екипите на ТППЕ се на терен до целосна ликвидација на пожарот.Висок чад се издигнува од ридот по должината на патот од тунелот кон бензинската пумпа на “Лук Оил“ на влезот на Битола од страната на Ресен.