Синоќа, на 20.07.2024 во 20.10 часот на регионален пат Битола – Прилеп, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода 31 гидишно лице од Прилеп, со привремен престој во село Ивањевци, општина Могила и 37 годишник од Штип, со привремен престој во село Ивањевци.
Тие се сомничат дека во текот на денот од објект на правно лице во село Долно Српци, општина Могила, одзеле повеќе предмети. При преглед на патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, во кое биле затекнати, биле пронајдени одземените предмети.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.






