Денес, недела, 21 јули, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне можност за нестабилност со пороен дожд. Максималната температура во Битола до 36 степени. УВ=9.
Утре, понеделник, 22 јули, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура во Битола до 36 степени. UV=8.






