Во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола и Унијата на Жени при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола се одржа традиционалното чествување пред споменикот на “Мирка Гинова“ во градски парк, по повод: 75 години од крајот на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, 76 години од насилното прогонство на децата Македонци од Егејскиот дел на Македонија и 78 години од убиството на македонската хероина Мирка Гинова.
Пред присутните пригодно обраќање за живот и делото на Мирка Гинова имаше претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Александар Јаневски.
Присутните ги поздравија и градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, претседателката на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ – Битола Ангелка Диневска и пратеничката Олга Лозановска.
Меѓу присутните беше и Ирина Гинова Стојчевска, внука на македонската хероина Мирка Гинова.

Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со чествување за 75 години од крајот на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година
More from ВестиMore posts in Вести »
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина





