На 26.07.2024 во 08.00 часот, полициски службеници при СВР Битола привеле 32 годишен битолчанец затоа што на бул. “1 Мај“ во Битола го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
При приведувањето кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






