Press "Enter" to skip to content

Преку клиничко образование до одлични правници на Правниот факултет при УКЛО Битола (фото)

Од летниот семестар во академската 2023/2024 година, на Правниот факултет при УКЛО Битола  со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во РСМ и ИДЛО (Меѓународна организација за развој на правото) функционира клиничкото образование по казнено право и криминологија.Целта на овој неколку годишен проект е на државните универзитетите да почне да функционира клиничко правно образование како редовен дел од наставните програми, но и да се изнајде модел кој би овозможил и негова одржливост и по завршувањето на проектот.Преку овој модел на образование, вклучените студенти имаа можност дополнително теоретски да се запознаат со важни аспекти поврзани со кривичните дела и факторите за нивното извршување, но она што е уште поважно, имаат непроценлива можност да работат со адвокат на реални случаи, како и да посетуваат државни институции од правосудството.Дополнително, донаторот овозможува и на наставниот кадар вклучен во овие активности преку студиски посети, да се запознае со начинот на функционирање на ваквиот вид образование на познати и реномирани светски универзитети – објасни д-р Ангелина Станојоска, вонредна професорка на Правниот факултет при УКЛО.-Во рамки на клиничкото образование за казнено право и криминологи нашите студенти покраj работата со адвокатот имаат можност да посетат и одредени институции каде значително го подобруваат нивното практично искуство и подготвеност за идната професија. Правниот факултет има потпишано меморандуми за соработка со голем број институции па така минатиот семестар имавме можност да ги посетиме Основниот суд и Основното јавно обвинителство во Битола, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје како и Казнено-поправниот дом во Штип. Ваквите посети им овозможуваат на студентите да се запознаат со структурата, функциите и начинот на работа на институциите како и можност да се запознаат и да соработуваат со искусни правници од кон можат да научат многу за практичните аспекти на правната професија. Преку посетите на институциите, студентите воспоставуваат мрежа на професионални контакти кои можат да им бидат корисни во нивната иднина кариера, а исто така ова искуство им помага на студентите да ги идентификуваат своите интереси и да се ориентираат кон одредени области на правото во кое сакаат да се специјализираат – кажа д-р Ице Илијевски, вонреден професор на Правниот факултет при УКЛО.Адвокатот, д-р Никола Главинче посочи дека: со големо задоволство и обврска пристапив кон ангажман во Клиничката програма на Правниот факултет при УКЛО, каде пријатно се изненадив од посветеноста на професорите и ентузијазмот и заинтересираноста на студентите во осознавањето на практичните вештини при практикувањето на правотово кривичната постапка. Добив впечаток дека оваа генерација на студенти искрено верува дека совесноста, стручноста и професионалноста се основни атрибути за секој правник кои ќе не извлечат од состојбата во која се наоѓаме, афирмирајќи ги вистинските – природните вредности на правото.Студентката Викторија Павловска, која е студентка во четврта година за оваа програма вели: „Една навистина многу добра можност која ја нуди нашиот правен факултет е токму клиничкото образованое по казнено право. За времетраењето на Клиничкото образование имавме исполнета агенда со многу настани, посети, работа од кои ние студентите имавме можност да се стекнеме со огромно знаење и искуство од правната област, покрај она знаење кое го добиваме од нашето редовно студирање. Притоа истото се одвиваше на начин што работевме заедно со адвокат, кој ни овозможи да работиме на реален судски случај како и да ги разгледаме и разработиме списите на тој случај. Покрај тоа, остваривме посети на најразлични институции и средби со експерти од правната област вклучувајќи адвокати, обвинители, судии со кои имавме можност да разговараме и да слушнеме и научиме нови работи. Она што ние го стекнавме од овој вид на образование е тоа што ни помогна да се соочиме со реалноста на правната работа, како и да се определиме во која насока ќе го продолжиме нашето понатамошно образование.Во рамките на проектот годишно се организира и национален натпревар за симулирано судење во кривичната постапка, која во 2024 година се одржа во Дигиталната судница во Идризово, на кој учествуваат четири државни правни факултети. Студентите на Правниот факултет освоија награди за најдобар бранител и најдобар вештак.Студентката Ангела Димовска, која во моментов е трета година и на натпреварот ја освои наградата за најдобар сведок/вештак, за натпреварот изјави:-Како Правен факултет благодарение на клиничкото образование имаме земено учество на бројни натпревари како што беше натпреварот по симулирано судење каде овогодинешната тема беше корупција. Целата организација и подготвување траеше околу два месеци каде активно вежбавме со нашите професори како и најдобрите адвокати, судии и обвинители од оваа фела кои навистина ни помогнаа и се потрудија да се покажеме во најдобро светло. Трудот се исплати и нашиот факултет се стекна со две индивидуални награди за најдобар бранител и најдобар сведок -вештак. Навистина е прекрасно искуство и за нас како студенти тоа премногу ни значи и ни помага во текот на нашето студирање, како што беше во случајот изучувањето на ЗКП постапката како и подготвување на воведни и завршни зборови на обвинител и бранител па се до водењето на една расправа од страна на судијата до комплетно сведочење на вештаци и останати сведоци.Исто така, на Правниот факултет организираме и IUS форум – теориja и пракса каде целта ни е преку организациja на дополнителни предавања од истакнати експерти од праксата, како и професори од странски универзитети, организирање тркалезни маси, панел дискусии, работилници и сл. да овозможиме проширување на перцепциите на студентите, како и дополнување на нивните знаења. Преку Форумот се овозможува дискусија на конкретни теми, размена на мислења и ставови, согледување на проблеми и изнаоѓање на начини за нивно надминување, но и можност за непосредни средби на нашите професори и студенти со експертите, во правец на остварување повисоки заеднички или општествени цели – за крај спомена професорот Илијевски.Првиот уписен рок на Правниот факултет трае од 26.08 до 30.08.2024 година и се достапни 215 места во Кичево, Битола и Струга, на двете студиски програми: Правни студии; и Политички науки и дипломатија.

More from ВестиMore posts in Вести »