“Лазарополе таму најгоре…“ се пее во песната, а таму најгоре висорамнина на врв на планина… Имено кога ќе ги поминете последните пет километри до Лазарополе, од Бошков мост, преку Елен скок и стотината кривини, кога се качувате нагоре, “таму најгоре“… ниту “на сон“ не ви доаѓа што ве очекува. А се простира рамна површина, висорамнина, можеби единствена на овие простори и пошироко. Погледот кон природата наоколу, одзема здив и никого не остава равнодушен, е таму распространето едно од најубавите места во Македонија, Лазарополе.
-На гробот на Ѓурчин Кокалевски во црквата “Св. Ѓорѓи“ Лазарополе не пишува залудно “Кољку сме повеќе, тољку сме посилни“, бидејќи оние кои беа дојдени и овој Илинден во Лазарополе ги имаше многу.
-Тука на оваа прекрасна висорамнина, се населиле овие луѓе, “Лозоровци“, од само ними разбирливи причини, го цитира Душко Ристевски некој историчар.
Традиционално празникот Илинден во Лазарополе се прославува на посебен начин. Атмосфера достојна денот на селото Св. Илија, воедно и Илинден празник на непокорот на македонскиот народ. Доцна попладне пред Илинден на 1-ви август, сите на сред село, ги прчекуваат коњаниците и Мајовци со тапани и зурли.
Звукот кој се разлева пробудува емоции и солзи кај присутните на сред село кои ги дочекуваат како што е редот со аплаузи и оро. Многу луѓе од цела Македонија, но најголем број од овој крај или како што се нарекуваат “Лозоровци“ кои на посебен начин го доживуваат прославувањето на Илинден.
Зурли тапани, ора, огномет… го најавуваат Илинден. Најпрво кака што е редот најдобрите играорци и најстарите го заигруваат традиционалнот оро од овој крај “Тешкото“, со качување на тапан.
Гледајќи ги воодушевено “стариот Лозоровец“, Душко Ристовски, ни кажува, дека тука во Лазаропле играорците не ја пратат музиката, тука музиката го прати секој чекор на играорците.

Во негов препознатлив стил, низ шеговити приказни, со многу емоции зборува за “Лозоровци“, а овој пар сакајќи да ја прикаже посебноста на луѓето од овој крај, за нивните посебни адети и мерки на вредност, таму најгоре.
Новиот “кмет“ на Лазарополе, Даниел Дени Поповски, односно претседателот на МЗ “Лазарополе“, според традицијата, ги пречека Мајовци, а за новата должност и за празнувањето на Илинден ни рече:
-Да се биде претстедател на месната заедница значи многу одговорност и укажана голема доверба од сите соселани, да ги застапувам во сите актисвности кои ние сакаме да ги спроведиме тука, пред се за изнфрастуктура и подобро живеење со подобри услови. Селово има регистрирано 343 куќи од кои околу 320-30 се активни. Постојани жители, евидентирани во општина Маврови Анови Ростуше, има само 3 или 4. За Илинден сигурно има околу 1.500 луѓе. Традиционално се прославува со групата “Мајовци“ а се започнува на 1 август кога се пречекува нивното доаѓање во селото, по што следи големата веселба на сред село.
Поповски вели дека ќе продолжи да се организира и “Лазарополе цути“, а на младите им порача да ја продолжат традицијата е една од најбитните работи која мора да се негува и чува, а секако и да допрат до овие планини и негибната природа.
Димко Поповски е еден од повозраните жители на Лазарополе и дел од Црковниот одбор на црквата “Св. Ѓорѓија“, кој ни раскажа за тоа како тој го памети прославувањето на Илинден порано:
-Илинден секогаш во Лазарополе има традиција да биде одбележуван со тапаните, со селска веселба и Света Божествена литургија во црквата. Најмногу се сеќавам на овој ден не само по тапаните и службата во црквата и по посетите на селото од многи гости кои доаѓаќе од сите места каде има раселени лазоровци. Исто така се организирале и спортски турнири кои привлекувале многу внимание, а ние како деца едвај сме го чекале овој ден да се извеселима, да поиграме, да се натптеваруваме… Ние во Лазарополе ги имаме споено и двата Илиндена, 1903 и 1944. Имаме спомен парк каде се поставени две соодветни обележја со кои ја продолжуваме илинденската традиција. Ние сме задоволни што младите ги прифатија овие традиции, а и тие како самите гледате едвај го чекаат прославувањето на Илинден, ги пречекаа Мајовци, го одиграа тешкото, е што е најважно се тука најгоре на Илинден.
А дека младите ја прифаќаат традицијата и се грижат за одбележување на Илинден доволен доказ беше Мојсо Поповски кои со помладата генерација од фамилијата “го освежи“ спомен обележјето на Илинденците во спомен паркот, односно ги избои имињата на војводите и комитите од Лазарополе, кои се клесани на споменикот.
Кога се зборува за традициата во Лазарополе, за Илинден, неизбежно е да се споменат Мајовски, кој кој знае колку години се тука, спроти Илинден и на Илинде.
Муса Комина е дел од групата Мајовски, а неговото тропање на големиот тапан ретко кој останува без солзи во очите, поради спомените за сите оние кои не се таму најгоре, а кои се “горе“ и од таму гледаат како е на сред село.
-Доаѓаме тука одамна во Лазарополе, за Илинден, на 1 и 2 август. Тука сите кои сме биле, а тоа го кажувале и постарите се чуствуваме многу добро. Народот тука е многу добар. Јас Лазарополе идам осма година, а и да имаме свадби ние го откажуваме и сме тука за овој ден. И за денес имавме покана да свириме свадба но откажавме, на Илинден мора да сме Лазарополе.
А, традицијата на играње ора кои се играат на поинаков начин во мијачијата ја продолжуваат младите кои играат весело од најмали 3-4 години до тинејџери, адолесценти. А подоцна играат сите младо и старо… се слави Илинден. Синхронизираните тапанџии и зурлаџии и ритамот на музиката која тера да слушаш, и слушаш без крај… до доцна во ноќта од која сите се на нозе.
Емоции, солзи, морници низ телото… никој не равнодушен, а и како ќе биде кога звуците од тапаните на Мајовци се шират и допираат во душата, кои ги чувствуваат длабоко во себе, се пренесуваат со генерации и колективното, несвесно, на луѓето од овој крај.
Но, за да функционира селото мора за него да има и комунална грижа, а за тоа одговорен е Борис кој вели дека тука функциите во Лазарополе не се битни, туку е битно се да фунционира.
-Јас сум задолжен за водоводот, а се грижиме за осветлувањето и подигање на ѓубрето. Тешко ни одат некако комуналиите во селово. Политиката насекаде е присутна па и тука. Тука гласачи нема за избор на градоначаник, па не сме многу интересни, но тераме некако, со самопридонес решаваме проблем по проблем. Јас сум 9-10 месеци годишно, а најголем дел од лазоровци се тука по толку време, не сметајќи го Илинден. Јас сум во селото од дете, пораснат сум тука. Димко е повозрасен и памети повеќе, кога имаше и други, поубави обичаи. Сега се е сведено на тоа додји на сред село, изиграј некое оро и заминиси. Порано се свиреше стара музика како на цела свадва, а сега се свират некои новокомпонирани песни, какви сакаш. Но времињата се такви, а нам кои сме тука, ни останува да ви порачаме дека сите кои имаат лозоровско потекло се добредојдени, а и сите добронамерници, а на жителите да им порачам да извршуваат обврските бидејќи ќе немаме ни струја, но вода, а ќе се угушиме во ѓубре.

Зурлите и тапаните, сигурно ќе им одѕвонуваат во главите на “лозоровци“ уште неколку дена, а на нив ќе се сеќаваат се до следниот Илинден, кој како велат самите уште од денес започнуваат со нетпрение да го очекуваат. А, предпродавница, која за жал оваа година беше затворена, повозрасните се присетуваат колку било тешко да се живее пред еден век тука во Лазарополе, но ете и покрај сите маки кои го виделе, војни, печалби, ограбувања, сепак селото е живо, а нив ги радува што сите се тука на оро, пред “Калин“ сега, или на сред село како викале порано, а космичкото, ги “тера“ да се враќаат, како што беше и за овој Илинден, летото 2022 господово.
Камбаните од црквата “Св. Ѓоргија“ на 2 август, рано, го најавуваат големиот Илинден, денот на селото и денот на Илинденското востание. Камбаната се уште е “знакот“ сите да се упатат кон црквата, во која во дворот почиваат коските на Ѓурчин Кокале, а не неговиот гроб, кој посебно го одржуваат “лозоровци“ пишува: колку сме повеќе толку се посилни.
Во црквата “Св. Ѓорѓи Победононосец, Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, Игумен на Свештената Бигорска Обител, одржа и Слово кое сите верници ги остави без збор и со големо внимание го слушаа. Партениј, Игумен на Свештената Бигорска Обител говореше за силата, за ревноста, за верата и за духот на Свети Илија, но и за денешното обезличено и застрането постхристијанско општество, кое во многу потсеќа на она од времето на Пророк Илија и рече:
-Како што Пророкот Илија ја обновил верата на Израил, така и ние сме повикани да го обновиме нашиот дух и нашето општество. Имаме предност и привилегија што сме дел од светата православна Црква, која ни го покажува правиот пат. Ако имаме желба и волја, Господ ќе ни помогне. Сите мораме да ја посакаме и да се потрудиме за таа духовна промена, затоа што идните поколенија мора да се вратат на вистинскиот пат доколку сакаме иднина. Без Христа и без Светото Писмо нема иднина, а само заблуда и пропаст. Како му рекол Свети Илија на царот Ахав: „Ти го заблуди целиот народ, откако тргна по лажните идоли и народот стекна погубни и неморални навики“, а честитајќи го Илинден додаде:
-Нека ни е честит овој голем празник, кој воедно е и христијански и национален, бидејќи нашите предци токму на овој ден се кренале на Востание против огромната Отоманска Империја. Иако биле малкумина во споредба со непријателите, сепак, биле доволно храбри и решителни да речат: „Не! Доста е!“ Тие ги положиле своите животи, свесни дека нивната жртва ќе биде основа за нашата слобода денес. Колку е значајно тоа што нивната храброст и саможртва овозможија идните поколенија да живеат во слобода и достоинство! Потоа се случи и втор Илинден, кога, со Божја помош, успеавме да ја создадеме нашата држава во овие граници. Нека овој ден биде потсетник за нас, дека со вера и единство можеме да ги надминеме сите пречки. Да го молиме Свети Пророк Илија да нè води по патот на просветлението и на правомислието, да нè инспирира да станеме вистински и верни Христијани, кои ќе се покајат како што се покајале Израилците. Нека Господ ни ги зачува народот и државата до крајот на вековите, та да живееме во мир и благосостојба.
По отпустот на Светата Евхаристија, Старецот Епископ со браќата јеромонаси и јероѓакони отслужи и трисагија за спомен на ктиторите на лазаровскиот велелепен храм, како и за сите што паднале на браникот за верата и татковината наша.
По богослужбата сите се упатија во своите домови, кои од година во година ги има се повеќе. Традиционално бевме кај Дракулевци, кои како вредни домаќини не пречекаа не почестија од тортата на Мирјана, а најстариот Душко, не почести со своите мудрости, за Лазоровци, кои им ги пренесува на Ангела, Марко и Бојана, неговите внуци, а како вели и тие да ги пренесуваат на идните поколенија.
Природната местоположба на селото, односно ехото му помагаше на музиката на Мајовци да стигне до ушите на сите “лазоровци“ кои беа дојдени да го прослават празникот на Свети Илија, денот на селото, но на сите им одзвонува мислата до година да сме повеќе, како и посакувал големиот Ѓурчин Кокале.
Текст: Сашо Ристевски
Фото: Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска






