Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло, температурата до 32 степени

Денес, понеделник, 5 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 32 степени. UV=8.

Утре, вторник, 6 август, во Битола времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Температурата во Битола до 32 степени. UV=8.