Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две приведувања за попречување во работа на службени лица, полициски службеници и инспектори за за храна и ветеринарство

На 10.08.2024 во 01.55 часот додека двајца полициски службеници од СВР Битола, постапувале по претходна пријава за семејно насилство во село Магарево, битолско од страна на едни лице биле попречувани во извршување на своите задачи, при што истиот агресивно се однесувал и се обидел физички да ги нападне. Лицето е приведено во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 09.08.2024 во 18.00 часот во СВР Битола, две лица од Битола, вработени  во државен инспекторат за храна во Агенција за храна и ветеринарство пријавиле дека околу 15.00 часот, додека преземале службени дејствија – контрола по налог за спроведување на засилен надзор во угостителски објекти, при постапувањето во ресторан во  Битола, биле попречувани во извршување на своите задачи од страна на сопственикот, 61 годишник од Демир Хисар, при што истиот им упатувал закани. Од страна на полициски слижбеници излезено е на местото на настанот при што од лицето одземени му се пиштол, куршуми, дозвола за оружје како и футрола за пиштол. По целосно документирање на случајот проти лицето ќе биде поднесен соодвете поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »