В недела во рамките на Првата фудбалска лига ќе се одигра вечното фудбалско дерби во мак фудбалот помеѓу Пелистер од Битола и Вардар од Скопје.
По подолга пауза ќе гледаме е прволигашка навивачка пресметка на “Чкемабри“ и “Комити“, овој пат на Градски во Скопје.
https://www.facebook.com/watch/?v=406411991989215
“Чкемабри“ денес со одлично видео ги најавија нивното гостување на трибините на Градски во Скопје. Се качија на коњи и ги “гибнаа“ нивните “противници“ на трибините, но не ја пропуштија приликата, а ние ви пренесуваме само една реплика:
-Кај што одиме тие се дибидус, се фаќаа за камења штом ќе видат автобус.
Големото дерби меѓу Вардар и Пелистер е закажано за в недела на Националната арена „Тодор Проески“ од 20 часот.









