Press "Enter" to skip to content

Александар Мурговски од Битола избран за независен член во Надзорниот одбор на ЕСМ

Битолчанецот Александар Мурговски од Битола е избран за независен член во Надзорниот одбор на ЕСМ, откако претходно со одлука се отповикани дотогашните членови. 

Александар Мурговски е роден во Битола, а како стипендост за дефицитарен кадар, студирал на студирав специјалност, енергетска електроника, а во 2004 година дипломирал на Техничкиот Универзитет Габрово во Р.Бугарија, на факултетот за Електротехника и електроника каде е прогласен за најдобар студент. Магистрирал на електротехнички науки во 2006 година со просек 10 на 24 годишна возраст.

Во 2006 година се вработува  како одговорен инжинер во трафостаницата ТС 400/110 KV, ТС Битола 2, Оператор на електро-преносниот систем при АД МЕПСО, а во 2007 е раководител на трафостаницата, а во 2008 станав раководител на регионалниот центар Битола, при АД МЕПСО. Од 2017 до 2024 е работоводител во регионален центар Битола.

Мургосвки има објавено 9 научно-стручни труда во странство во областа енергетска
електроника, хидроцентрали и соларни електрани, оптоелектроника и активно учествува во повеќе сегменти на подготовка на документи од национален аспект за законската регулатива.

More from ВестиMore posts in Вести »