Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и многу топло, температурата до 37 степени

Денес, петок, 15 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло. Попладне со можност за пороен дожд, грмежи. Максималната температура во Битола до 37 степени. UV=8.

Утре, сабота, 16 август, во Битола времето ќе биде сончево. Попладне можност за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура во Битола до 37 степени.  UV=8.