Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Широк Сокак “гореше“ во “Белата ноќ“ (фотогалерија)

-Иако сум во години кога би требало да ме интересираат настани за млади, сепак морам да кажам, а сигурни тоа го мислат и најголем број битолчани, една од манифестациите кои го одбележаа “Бит-фест“ во Битола е настанот “Широк сокак во бело“ или “Бела ноќ“, кој пред 10 години се одржа по четврти пат. “Бела ноќ“ на Широк Сокак, во таа 2014 година,  воодушеви над 10 илјадната публика, започна со своите сеќавања, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Главна ѕвезда на настанот во 2014 година беше светски познатиот диџеј и продуцент од Германија, Том Нови, кој тогаш рече дека во Битола е првпат, а настап е дел од неговата  турнеја во регионот.-Секој втор викенд сум на Ибица и сега доаѓам оттаму, така што и по Битола сум таму, изјави Том Нови.Изминатите години на “Широк сокак во бело“ гостуваа големите и светски познати имиња како Кирил Џајковски, Дејвид Моралес, Хернан Катанео.Манифестацијата “Широк сокак во бело“ беше во организација на неколку битолски кафулиња на Широк сокак.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »