Во село Буково, над Битола се одбележа празникот Преобразение Христово или Господово, а собирот на кој имаше повеќе од 1.500 буковчани и гости се одржа во име на манастирот “Св. Преобразение Христово или Господово“.
Трета година организатор на забавата е месната заедница на Буково, која со сега е со нова структура од состав од мади и успешни ни членови.
Претседателот на месната заедница Горан Кабровски за одбележувањето на овој голем христијански празник во Буково вели:
-Традиционално се одржува богата забава со реномирани музичари, со цел задржување на традицијата, задржување на она македонското, а исто така и враќање на Буково во живот, како село најпознато на сите времиња по големите забави, прочуени на далеку. Мотото на годинашната прослава е здружувње на народот и на граѓаните и на жителите, преку музика и ора и позитивна мисла, секогаш доаѓа до позитивни резултати.
-Денес на оро, а утре сите на гости, но само поканетите. Вистина е кога ќе кажат: Во Буково, неканет гостин, зад врата стои, во смеа вели Елизабета Каровска, и додава дека тоа е затоа што Буковци си ги канат пријателите, порано со јаболко од дома, а сега по телефон, и за сите пријатели имаа место каде да седнат, но не и случајни минувачи кои влегуваа во сите куќи за да се најадат и да се напијат.
-Традицијата ќе продолжи и сме се подобри поорганизирани и побројни од година на година, а тоа го докажавме оваа година. Настанот го посетија околу 1500 луѓе, а догодина би сакале оваа бројка да биде дуплирана, вели Горан Кабровски.
Буковчани и нивните гости ги забавуваа групата “Маестрал“ и Елена Јовческа, а по полноќ забавата ја продолжија младите, до рано наутро со ди-џеј Анонимус.
Ж. Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска






