Општина Битола продолжува со реализација на предвидените проекти, во насока на подобрување на инфраструктурните услови. Денес, започна асфалтирањето на улицата „15 ти корпус“ во населбата Недопирливи. Претходно во оваа населба заврши реконструкцијата на улиците „Милтон Манаки“, „Сотир Брбевски“ и „12 кладенци“.
Градежните активности продолжуваат и на улицата „Стив Наумов“, каде се асфалтираше на потегот од улиците „Стево Патако“ до „Христо Ботев“ во должина од 160 метри, каде се поставени и 44 приклучоци за вода и 44 приклучоци за канализација. Со завршувањето на овој потег се продолжува со следната фаза од реконструкција на улицата „Стив Наумов“, така што деновиве ќе започнат работните активности на потегот од улицата „Христо Ботев“ до улицата „Пецо Божиновски“.

Општина Битола: асфалтирањето на улицата “15 ти корпус“ и дел од “Стив Наумов“
More from ВестиMore posts in Вести »
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии
- СВР Битола: приведување за марихуана, тешко повреден моторциклист на “Солунска“
- Во Битола сончево и посвежо, температурата до 26 степени
- Фото на денот: Стартот на “Трчај бе“ во Битола
- “Каранфилова арт студио“ со интернационална младинска ликовна изложба во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)





