Press "Enter" to skip to content

Поставени шест камери за видео надзор на новите спортски терени кај “Елпида Караманди“

Шест камери кои овозможуваат комплетен видео надзор на надворешниот дел на училиштето и спортските терени се поставени во основното училиште „Елпида Караманди“.

Постапката ја спроведе училиштето во соработка со општината, а во согласност со Упатството за спроведување на задолжителни мерки и активности во основните училишта, донесено од страна на Министерството за образование и наука.

На овој начин се зголемува безбедноста на учениците во училиштето и се овозможува заштита на новите училишни спортски терени од оштетување и несоодветни активности, дејствија на несовесни младинци и граѓани, кои за жал беа забележани уште првата недела од пуштањето во употреба на реконструираните спортски игралишта.

More from ВестиMore posts in Вести »