Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: опожарен “форд фиеста“, кривични за дрога метамфетамин и марихуана и поседување оружје

На 20.08.2024 во 00.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Васко Карангелевски“ во Битола настанал пожар во паркирано патничко возило „форд фиеста“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на (З.Б.) – 41 годишник од Битола. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Извршен бил увид.

СВР Битола поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 27 и 37 години, двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.06.2023, полициски службеници извршиле преглед во возилото кое го управувал второпријавениот, при што бил пронајден и одземен метамфетамин, кој го набавил од првопријавениот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против 28 годишник  од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјал“. На 08.06.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземни пиштол „Зоракиi“ калибар 9 мм, рамка со куршуми за пиштол „Црвена застава“ калибар 7,65 и други куршуми со различен калибар.

СВР Битола поднесе кривична пријава против 19 годишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 14.12.2023 во Битола, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана, која ја користел со други две лица.