Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер се повлече, па го “предаде“ финале на Купот на пријателство во Турција

Еурофарм Пелистер – Мешков Брест 35:31 (18:20)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола загубија во финалето на „Купот на пријателството“ во турскиот град Болу од белорускиот Мешков Брест, финале кое можеше да не биде доигран. По големиот број прекини и негодувања поради судиски грешни одлуки при резултат, 32:31, судиите не досудија пробивање од противничкиот тим и како реакција на таквата одлука, Еурофарм Пелистер го напушти теренот, а потоа ги доиграа преостанати четири минути.

Еурофарм Пелисѕет беше подобрата екипа во најголем дел од првото полувреме и прво се одлепат на 9:6, и ја одржуваат таквата предност дваесетина минути. Мешков израмни на 13:13. Еурофарм Пелистер на 16:15 остана без Павле Петровиќ, кој доби директен црвен картон, а потоа и син картон, како и Александар Шкуринскиј и Иван Мацкевич, кои ја иницираа мешаницата на теренот, и беа испратени на трибините со црвени и сини картони. До крајот на полувремето, Мешков Брест успеа да се врати во водство 18:20. 

Мечков  на стартот на вториот дел поведе со седум гола, 26:19  и 27:20. “Пелистерци“ полека ја топеа предноста на белорускиот првак и 29:27, а во последните пет минути беше и 32:31, кога битолчани го напуштија теренот, црвен картон доби и тренерот Бранко Ангеловски, па во преостанатите четири минути Мешков Брест даде уште три гола и го реши прашањето околу победникот.

Најдобар стрелец кај кај Еурофарм Пелистер, Богдан Радивојевиќ имаше шест гола, исто колку и Емилијан Ѓорговски, а Урош Борзаш заврши со пет гола. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »