Вечерва заврши “FIBA 3х3 баскет турнирот“ кој викендов се одржа на плоштадот “Магнолија“ во Битола на кој победник е екипата на Кино Влае од Скопје.
Два дена додека траеше “FIBA 3х3 баскет турнирот“ плоштадот “Магнолија“ во Битола за прв пат беше претворен во вистинска спортска арена за FIBA 3х3 баскет турнирот, организиран од страна на Здружението за популаризација и промоција на кошарката „3×3 Basketball” и Општина Битола.
Главен покровител на “FIBA 3х3 баскет турнирот“ беше ресторанот “Голд Фелициа“, кој и ги обезбеди наградите за финалистите и наградата за публиката.
Присутните ги поздрави заменик градоначалник на Битола, Бојан Бојковски, кој ја прими и плакетата за Општина Битола од Кошаркаркарската федерација на Македонија и при тоа рече:
-Мило ми беше што Битола беше домаќин на “FIBA 3х3 баскет турнирот“, турнир кој за прв пат се организира во нашиот град, на екипи кои ја играа мошне атрактивната олимписката дисциплина “3х3“. Им благодарам на сите екипи, учесници на турнирот, а сакам да нагласам дека Битола имаше најголем број на екипи. Се надевам дека Битола идната година ќе ја има шампионската екипа.
Екипата на Кино Влае во финалето ја победи одличнаата екипа на Лесковац од Србија.
Победниците на натпреварот добијат парична награда од 2.000 евра, а за освоено второ место награда од 1.000 евра, а пригодни подароци добијат сите учесници на натпреварите.
“FIBA 3х3 баскетот“ е многу популарна форма на кошарка и број еден урбан спорт во светот.

Екипата на Кино Влае победник на “FIBA 3х3 баскет турнирот“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- По трет пат во Битола ќе се одржи “Street food Festival“
- Советот за превенција од детско престапништво од Битола подготви прирачник за обука на стручните служби за малолетничка деликвенција
- КРЕДО Connect: презентација на успешен студентски проект на УКЛО Битола
- Во Битола сончево и топло, попладне можна нестабилност, температурата до 29 степени
- 25 јубилејно издание на “Битола Отворен Град“ – градот Битола повторно се отвора (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер потпиша уште еден среден бек, тоа е Алекса Колаковиќ
- Еурофарм Пелистер и Кузмановски се договорија, капитенот останува во Битола уште една сезона
- Антонио Каранфиловски и Теодора Марковска од Македонија победници на трката од 42 километри на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ (фотогалерија)
- Најслатките и најмилите по трет пат трчаа на “МИНИ Трчај БЕ“ – Битола во детски режим (фотогалерија)Најслатките и најмилите по трет пат трчаа на “МИНИ Трчај БЕ“ – Битола во детски режим (фотогалерија)

- Македонија поразена од Азербејџан во Битола ги заврши квалификациите за СП (фото)









