Press "Enter" to skip to content

Тренерот Ангеловски и капитенот Кузмановски за подготовките на Еурофарм Пелистер од Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола со настапот во Добој ги завршије подготовките за престојната сезона, и веќе го подготвуваат утрешниот натпревр од Супек купот, против освојувачот на Купот, Алкалоид. 

Во пресрет на дуелот, на еден пред него, анализа на сработеното на подготовките и тестовите даде тренерот Бранислав Ангеловски кој најави возбудлива сезона.-Турнирите беа одбрани од мене и стручниот тим. Задоволство беше да се игра на трите квалитетни турнири. Нашата замисла беше да направиме некоја ситуација која ќе нè чека годинава. Првенството ќе биде тешко, но и доста поинтересно. За системот натпреварување среда-сабота мораше да се подготвиме и да го изменаџираме со овие припреми, со многу пријателски натпревари со различен итп на екипи. Презадоволен сум од прикажаното. Можеби овој висок пораз од  Загреб дојде како последен тест, но се насобра целото отсуство од дома и натпреварите ден за ден. Набрзо мислам ќе се заборави со мечот во Суперкупот против Алкалоид, изјави Ангеловски. 

На прес конференцијата заборуваше и  капитенот Филип Кузмановски, кој меѓу другото за подготовките рече:-Пред сè сум среќен што навистина по тешки припреми сите сме здрави. Со мала повреда на Тајник, што мислам дека на последните натпревари се осети неговото отсуство. Добивме повеќе од младите играчи, како и лани. Мислам дека ќе имаат поголема улога годинава и ќе придонесат за екипата. Нас тие ни се потребни. Се обидовме повеќе работиме на сегменти во одбраната кои ни недостигаа, да ги адаптираме новите играчи како Илија Абутовиќ, кој е искусен и ќе биде столб. Задоволен сум од голманите кои придонесоа и ќе придонесуваат, ќе помогнат да го исполниме планот за играта во нашиот систем, изјави Кузмановски.