Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: тешко повредена малолетничка која возела скутер, се судрила со автомобил

На 03.09.2024 во 07:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од  ул.„Генерал Васко Карангелевски“ и ул. „Игњат Атанасовски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен Ц4“ со австриски национални ознаки, управувано од 54 годишник од Република Австрија, со престој во Битола и скутер со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетничка од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.