Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: загина моторциклист на патот Битола-Ресен, физички напади

На 08.09.2024 во 16.32 часот во СВР  Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која 40 годишник од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.

На 08.09.2024 во 21.15 часот во СВР Битола,  Д.М. (26) од Битола пријавил дека на ул. “Филип Втори Македонски“ во  Битола, на паркинг простор од трговски центар, бил физички нападнат од страна на три лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 08.09.2024  во СВР Битола, Б.Н. (22) од с.Беранци,Општина Могила, пријавил дека на  фудбалското игралиште во село Горно Оризари, битолско бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.