Македонскиот првак Еурофарм Пелистер од Битола денес со почеток во 20:45 во салата “Пјер де Кубертен“ во Париз ја започнуваат новата сезона во Лигата на шампионите со натпревар против францускиот ПСЖ.
Тренерот на битолчани, Бранко Ангеловски, вели дека задача на тимот ќе биде да се претстави во најдобро можно светло против големиот фаворит и вели:
-Одиме на гости кај еден од најголемите фаворити за место на завршниот турнир во Лигата на шампионите, а кога ќе се стигне таму, тогаш нема фаворити. ПСЖ е фаворит за освојување на првите две места во нашата група. Екипа која е составена и добро селектирана од еден од најдобрите тренери во светот, Раул Гонзалес. Структурата на играчите остана иста од лани. Мислам дека разликата ја прави Лук Стеинс со нивната игра во транзиција и нападите преку Шипжак, кој е еден од најдобрите пивоти. Наша задача е да се претставиме во најдобро можно светло и само така да ја гледаме нашата иднина во Лигата на шампионите. Мотивацијата ќе биде на наша страна и се надевам дека тоа утре ќе го покажеме.










