Денес во Охрид, на факултетот за туризам, заврши 9. по ред Ректорскиот форум што го реализира Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола, со одржување на панел дискусиите и тркалезни маси за иднината на европското универзитетско здружување.
Теренско истражување на тема „Туризам“, активност на работен пакет 3 од Алијансата КОЛОРС се реализира денеска на Факултетот за туризам и угостителство при универзитетот „Св. Климент Охридски“.
Настан на кој денеска гостуваат и активно учествуваат гостите на Универзитетот во рамките на 9. Ректорски форум на европски универзитети што се реализира деновиве во Битола.
Теренско истражување е фокусирано на туризмот, како регионален приоритет. Учесниците имаа единствена можност подлабоко да ја истражат темата, преку споделено практично искуство, како и да се дел од интерактивната сесија – академската дискусија солокални туристичкиексперти, туристички работници и професори – истражувачи.
-Приликата, ректори и проректори гости од Форумот да се вклучат во настанот, произлегува од суштината на ова важно академско – регионално тело за соработка, чии приоритети се универзитетските сојузи, универзитетските вредности и алијанси, што за УКЛО е исклучителен момент, бидејќи се реализира во светлината на неговата актуелна вклученост во Алијансата КОЛОРС, велат од канцеларијата за односи со јавност во Ректоратот.
Во рамките на работниот пакет 3 се зборуваше за богатото културно и историско наследство на Охрид, орхидското езеро како посебен биосистем но со посебна туристичка вредност и статусот на светско наследство заштитено од УНЕСКО. Средбата овозможи вмрежување на професионалците од сите области.
Ова беше воедно е и последната активности што се реализираше во рамките на 9. европски ректорски форум на која ректори, заменици ректори, претседатели и професори од универзитетските алијанси КОЛОРС, ЕУТОПИЈА и ЈУФЕ дискутираа за иднината на европското универзитетско здружување.

Заврши 9. по ред Ректорскиот форум во организација на УКЛО Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина





