Press "Enter" to skip to content

Втор пораз на Еурофарм Пелистер, овој пат од Фуксе Берлин во ЛШ во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Фуксе Берлин 22:30 (9:15)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола го загубија првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите, а ова беше втор пораз во најквалитетното европско натпреварување. Тие во рамките на 2. коло се поразени од бундеслигашот Фуксе Берлин со резултат 22:30, полувреме, 9:15, пред полните трибини на салата “Боро Чурлевски“ во Битола пред полни трибини.Фаворитот во овој натпревар не дозволи изненадување, но и “пелистерци“ направија многу грешки. “Пелистерци“ имаа 3:3 во 5 минута, а бундеслигашот со серија од 2:0 успеа да се одлепи на 5:3. До средина на полувремето се одржуваше таа разлика. Потоа следуваа минути на Фуксе Берлин, а германците до 30 минута примија само уште еден гол во својата мрежа.Во 25 минута од натпреварот во игра влезе еден од најголемите таленти на ракометната сцена во Македонија, кружниот напаѓач Самоил Ристевски, кој ги одигра првите минути во елитното натпреварување. И во второто полувреме се продолжи со истата игра, по пет минути игра Фуксе Берлин имаше предност од 18:10, и веќе беше најавен победникот во Битола. “Лисиците“ од Берлин имаа 22:13, а младиот Ристевски со два врзани гола намали 22:15. Бундеслигашот  последните петнаесетина минути ги одигра рутински, предвден од голманот Милосављев одржуваше солидна позитива и дојде до победа од 8 гола разлика, 22:30.Најефикасен во составот на домаќините беше Богдан Радивојевиќ со пет погодоци, четири додаде Кузмановски, а Ристевски забележа три гола.Еурофарм Пелистер во 3. коло од Лигата на шампионите ќе гостува во Романија кај тамошниот шампион Динамо Букурешт.

More from СпортMore posts in Спорт »