Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: одбележани 100 години од почетокот на Првата, Големата, светска војна (фото)

Пред 10 години, во Магазата во Битола, Заедницата на Србите во Битола, почесниот конзул на Република Србија во нашата земја и Министерството за култура и информации од Србија, со неколку пригодни манифестации во Битола го одбележа почетокот на Првата светска војна или наречена Големата војна, започна со своите сеќавање Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Во Магаза отворена беше фотоизложба “Големата војна во Битола и Кајмакчалан“ на која на 18 паноа беа поставени текстови и фотографии од најзначајните нејзини моменти со нагласок на страдањата и бомбардирањето што ги доживеа Битола во чија
близина не само што се одвиваа жестоки борби туку и се наоѓаше и главната операција за пробивање на Македонскиот фронт. 

На отворањето на изложбата присутвуваше и зеде збор амбасадорот на Република Србија во нашата земја во тоа време, Душанка Дувљак – Томиќ нагласувајќи дека околу 26 отсто од жителите на Србија загина во војната, или од болести на многубројните фронтови што се водеа на повеќе територии.Втора беше изложбата на српската заедница во Македонија, Националната галерија во Македонија, Историскиот музеј на Србија и Војниот музеј на оваа земја. Беа поставени 40 фотографии низ кои беше прикажана дел од војната во која учествуваа над 70 милиони вооружени луѓе од кои 15 милиони загинаа, а 20 милиони беа ранети.

По тој повод на Српските војнички гробишта се одржа помен за загинатите и беше посетена и споменкостурницата на Кајмакчалан каде се одвиваа најжестоките борби при пробивот на Солунскиот фронт.

More from БитолаMore posts in Битола »