Во просториите на Управната зграда на Јавното претпријатие “Стрежево“ во Битола се организираше крводарителска акција, во соработка со Општинската организација на Црвениот крст од Битола и Институтот за трансфузиона медицина. Вработените во “Стрежево“ зедоа активно учество во хуманата акција за дарување крв и придонесоа во збогатувањето на крвните единици на трансфузиологија, кои во некои моменти живот значат.
Директорката Вера Бешлиевска, и самата крводарите ја поддржа крводарителската акција им се заблагодари на крводарителите од “Стрежево“ за нивната хуманост, солидарност и несебичност при дарувањето на наjдрагоцената течност и нагласи дека ќе продолжи соработката со службата за трансфузиологија и со битолската организација на Црвениот крст, бидејќи грижата за здравјето и животот на нашите сограѓани ни е најважна.
Мендо Гроздановски, крводарител на акцијата по јубилеен 150 пат даруваше крв, по тој повод “Стрежево“ му врачи посебно признание за неговата солидарност и хуманост.
“Стрежево“ секогаш ќе придонесува во мотивирањето за доброволно дарување и градење на позитивен однос кон крводарителството. Дарувањето е спасување живот, да станеме крводарители и несебично да помагаме во спасувањето човечки животи, порачаа од јавното претријатие “Стрежево“ од Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”2127″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






