Фудбалскиот клуб Конзули ветерани од Битола викендов играат на меѓународниот фудбалски турнир “Erima Tour“ кој започнува овој викенд и ќе трае до пролет кога и ќе се игра финалето. Првиот турнир ќе се одигра на терените на етно селото “Станишиќ“ во Босна и Херцеговина.
Турнирот се игра со седум фудбалери, (6+1) плус два фудбалери резерва. Ќе се играат четири турнири и на крај завршниот турнир, каде ќе играат најдобро пласираните 16 екипи. Право на учество имаат фудбалери од +35 години и два фудбалери од +40 години. Но од Битола отпатуваа вкупно 24 членови на Конзули Ветерани, а на лице место ќе се одлучува кој ќе истрча на теренот.
Секој турнир ќе се игра во сабота и недела на терени димензии 55х38 метри, а головите се со димензии 5х2 метри.
Според договореното сите екипи ќе бидат сместени во хотели од висока категорија, а задолжително е теренот на биде до хотелот. Сабота и недела од 10 до 16 часот се играат натпреварите, а попладневните и вечерните часови се планирани за дружење, за нови пријателства, за музика, смеа и забава.
-Ние имавем слушнато заовој турнир, но немавме никаков контакт, се додека пред некое време не не исконтактираа организаторите. До нов дошле убави зборови дека имаме одлична екипа, патуваме на турнири во околните земји, и секако дека сме одлично домаќини на турнирите кои ги организираме во Битола, а посебно за прекрасното дружење кое го имаме надвор од терените. Имаме неколки збратиме екипи, секако на ветерани како нас, со кои постојано сме во контакт. Само што има кажав на останатите дека сме поканети, немаше ни секунда двоумење, веднаш ја прифативме поканата и станавме дел од овој значаен турнир. Се надевам на одлични резултати, бидејќи постојано тренираме, секако колку што ни дозволуваат обрските кон работата, семејството. Но, за нас најважно е дружењето надвор од теренот, новите пријателства, вели Горан Кулевски, кој е задолжен за организацијата на екипата и патувањата.
Директор на турнирот е Игор Ѓорѓевиќ од Словенија, а промотори на турнирот се Мауро Каморанези, Александар Митровиќ, Немања Матиќ и Перица Огненовиќ.
Наградни фонд за секој турнир е 1.000 евра, а вкупно за оваа сезона за награди се обезбедени 7.000 евра.
Екипата на Конзули ветарани доби понуда од организаторите да биде домаќин на еден од турнирите.











