Press "Enter" to skip to content

На промоцијата на спортскиот универзитетски сојуз на УКЛО Битола доделено признание на најтрфејниот студент

Деновиве Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола го промовира Спортскиот универзитетски сојуз, формиран за обединување и репрезентирање на спортско рекреативни активности, не само на студентите и вработените на УКЛО, туку и пошироко во заедницата, на локално, национално и меѓународно ниво.Соосновачи се Ракометниот клуб Феникс АМС, Агенцијата за спортски консалтинг, Танцовиот спортски клуб Степ Ап и Тенискиот клуб Чакулески, сите од Битола.Иницијаторот за формирање на Сојузот, ректорот, проф. д-р Игор Неделковски во своето обраќање пред раководството на УКЛО, градоначалникот на Општина Битола д-р Тони Коњановски, претставници од соосновачите, од Општинскиот сојуз на спортови, студенти и професори, истакна дека со формирањето на СУС Универзитетот се отвара кон заедницата и на ова поле.-Спортскиот универзитетски сојуз заедно со Сојузот на спортови на Битола и на другите градови во коишто делуваме, ќе бидат обединувачка категорија која ќе го канализира масовниот спорт. Без масовен универзитетски спорт не можат да се изродат врвни спортисти освојувачи на медали и признанија на меѓународни натпревари. Токму преку организирање на вакви форми на институционално вмрежување УКЛО давал и ќе дава поддршка на нашите колеги студенти, рече Неделковски.Истакната е и поддршката што веќе втора година УКЛО ја добива од Општина Битола за развој на универзитетскиот спорт.Градоначалникот на Битола, Коњановски, истакнувајќи дека Општината како партнер на УКЛО во Европската универзитетска алијанса КОЛОРС е веќе дел од Европа, го поздрави формирањето на Спортскиот универзитетски сојуз.-Со него се пополнува една голема празнина во спортското живеење во Битола. Ова е начин за афирмација на спортот, за афирмација на младите, студентите, но и на професорскиот кадар која  активно ќе биде вклучен во сите спортски активности и ќе придонесе за постигнување на врвни спортски резултати, не само во земјава туку и пошироко.Настанот беше прилика  ректорот Неделковски да додели признание и парична награда на Петар Заборски, студент на Факултетот за безбедност во Скопје.Забовски е каратист, еден од најтрофејните и најдобри спортисти на УКЛО, со највисоки достигнувања на европски и светски универзитетски првенства, воедно силен репрезент на идејата на СУС.Ова е голем опризнание за мене. Имам освоено 8 медали на европски и светски униеверзијади и влегов во историјата како најуспешен студент спортист на овие простори и пошироко. Ми претставуваше чест и задоволство што зад мене секогаш стоеше името на УКЛО, тоа ми беше и мотив да го дадам својот максимум на секој натпревар. Се надевам дека ова ќе биде поттик и за останатите студенти, да го следат мојот пример и да го достигнат мојот успех.Спортскиот универзитетски сојуз обединува два сектора: Сектор за логистика и техничка поддршка и Сектор за спорт, кои ќе даваат материјалната и комплетна поддршка на студентите спортисти, ќе работат на унапредување на условите за активно спортување, со цел сериозно да се помогне во развојот на спортот и спортската рекреација во пошироката заедница.

More from ВестиMore posts in Вести »