Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Мац и “официјално битолчанец“ и дел “Чкембари ветерани“ и “Јужна трибина“

Дел од навивачката група “Чкембари Ветерани“ од Битола и дел од навивачката група “Јужна трибина“ направија убав гест, на тим менаџерот на кошаркарскио клуб Пелистер, Марјан Илиевски му подарија маица на која има принт со “Само Пелистер“.

Подарокот му ги врачи навивачот – ветеран Иле Илиевски – Чуна, на трибите во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, а тоа беше проследено во аплауз.

Овој убав гест го израдува Илиевски кој рече дека посебно се израдувал на подарокот, а тоа ќе биде маица која гордо ќе ја носи, а додаде и дека ова ќе биде спомен во некое идно време, за времето поминато во Битола, со убави љуѓе и љубители на кошарката и спортот, со вистински битолчани кои го сакаат спортот и секогаш се на трибините.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »