Бизнис Академија Смилевски (БАС) го одржа својот прв академски час за новата генерација студенти, која е веќе 16-та по ред во нашето успешно постоење. Оваа година, во БАС уписот на нови студенти беше во согласност со бројот објавен на конкурсот.
–Работиме на две локации, во Скопје и Битола, со цел да бидеме достапни на поширока база на студенти од целата земја.. Со двете основни студиски програми, Бизнис менаџмент и Маркетинг менаџмент, обезбедуваме практично и применливо знаење кое ги подготвува студентите за реални предизвици во деловниот свет – истакна Директорот на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска.
Во време кога демографската ситуација е особено чувствителна поради иселувањето на младите, БАС е решена да создаде можности кои ќе го задржат талентот во Македонија. Практично ориентираното образование им дава на студентите конкурентна предност на домашниот и меѓународниот пазар.
Со посветеност кон иновации и постојано надградување на програмите, БАС останува најдобриот избор за сите оние кои сакаат да го направат првиот чекор кон успешна професионална кариера.
-Ние не го следиме текот на времето – ние го создаваме! – се завршните зборови на проф. Тасевска во своето обраќање кон генерацијата нови студенти на БАС.
[ngg src=”galleries” ids=”2139″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






