Денес, четврток, 3 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови претежно можност за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 25 степени.
Утре, петок, 4 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 24 степени.






