На 07.10.2024 во 21.30 часот на ул. „Трајче Магловски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 26 и 30 години од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.
На 07.10.2024 во 12.20часот во СВР Битола, П.Ј. (74) од Битола пријавил дека во село Српци, битолско, бил каснат од куче скитник .
На 07.10.2024 во 21.05 часот во СВР Битола, Ѓ.А.(73) од Битола пријавил дека на ул.„Смилевски Конгрес” во Битола бил каснат од куче скитник .






