Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: тешко повреден моторциклист на “Индустриска“

Во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улицата „Македонска фаланга“ со улицата „Буковска“ и улицата „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 48-годишник и мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од 53 годишник, двајцата од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, соопшти МВР.