1. Најдобар научник во академската 2023/24
Критериум за рангирање: Oбјавени трудови во научни списанија индексирани во Scopus базата (квартил Q1), рангирани според збирот на CiteScore (SCOPUS) на списанијата каде се објавени трудовите.
Трудовите треба да се објавени во периодот 01.10.2023 – 30.09.2024. Тие треба да бидат објавени со УКЛО афилијација или ко-афилијација на авторот и да бидат депонирани во ePrints репозиторииумот на УКЛО и/или на Google Scholar во листата на УКЛО.
Во случај трудот да има повеќе автори (ко-автори) со тој труд на огласот може да учествува само еден од авторите/ко-авторите.
2. Најплоден научник во академската 2023/24
Критериум за рангирање: Број на објавени трудови во научни списанија индексирани во Scopus базата (во кој било квартил), рангирани според вкупниот број објавени трудови.
Трудовите треба да се објавени во периодот 01.10.2023 – 30.09.2024. Тие треба да бидат објавени со УКЛО афилијација или ко-афилијација на авторот и да бидат депонирани во ePrints репозиторииумот на УКЛО и/или на Google Scholar во листата на УКЛО.
Во случај трудот да има повеќе автори (ко-автори) со тој труд на огласот може да учествува само еден од авторите/ко-авторите.
Пријавите се поднесуваат на овој формулар заклучно со 03.11.2024
Резултатите ќе бидат објавени на Меѓународниот ден на науката. Признанијата во форма на пофалници за сите кои ќе се пријават на огласот, плакети и парични награди за најдобрите три рангирани научници во двете категории ќе бидат доделени на Свечената седница на Ректорската управа и Сенатот по повот патрониот празник на Универзитетот.
Право на учество имаат сите вработени на УКЛО и афилирани кон УКЛО (насловни наставници, членови на УКЛО мрежата, ангажирани стручњаци од практиката и сл.).
Едно лице може да се пријави само во една или во двете категории.






