Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: го чистел таванот пронашол 10 рачни бомби…, украдени пари во угостителски објект, син нападнал татко

На 21.10.2024 во 08.25 часот во СВР Битола, Т.И.(60) од Битола пријавил дека при чистење на таванот од својот дом, пронашол 10 рачни бомби, четири топовски удари (шок бомби), два куршуми од 9мм и 4 куршуми од 7.62 мм. Во 09.20 часот, пиротехничар од Дирекцијата за заштита ги подигнал експлозивните направи за понатамошна постапка.

На 21.10.2024 во СВР Битола било пријавено дека во угостителски објект во с.Трново, битолско, било влезено со употреба на сила и биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 21.10.2024 во СВР Битола, 72 – годишен битолчанец пријавил дека  бил физички нападнат од неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.