Со решение на Општина Битола за нов в.д. директор на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола е назначена м-р Биљана Темелкова.
Темелкова е вработена во училиштето од 2008 година како наставник по англиски јазик и има 22 години работно искуство во образовниот сектор. Позната по својот професионализам и меѓународни успеси, Темелкова има добиено признание за особен придонес во воспитно-образовната работа и го претставува училиштето во проекти преку платформата eTwinning и програмата Еразмус+.
Како еTwinning амбасадор и автор на бројни образовни материјали, Темелкова има одиграно клучна улога во дигитализацијата на наставата и професионалниот развој на наставниците. Таа е признат меѓународен обучувач и активист во наставничките здруженија, што ја прави вистински лидер за иднината на училиштето.






