Press "Enter" to skip to content

Со положување цвеќе на споменикот на Даме Груев одбележан Денот на македонската револуционерната борба

Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Даме Груев, започна одбележувањето на Денот на македонската револуционерната борба.

Пред споменикот кај Завод и музеј во Битола, почит оддадоа градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општина Битола, како и делегации од Сојузот на борци, Здружението на граѓани за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев и политичките партии.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, честитајќи го празникот, нагласи дека денешниот ден нè потсетува на херојските подвизи на нашите предци, но и на заветот кој нè обврзува да продолжиме да работиме за иднината на Македонија и граѓаните на нашата држава. Нека ни е честит и вековит Денот на Македонската револуционерна борба!,  се вели во честитката на градоначалникот Коњановски, испратена по повод денешниот празник.

 
More from ВестиMore posts in Вести »