СВР Битола поднесе кривична пријава против 42 годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 21.10.2024 пријавениот во повеќе наврати физички нападнал 24 – годишна жена и против нејзина волја ја држел во неговата викенд куќа во битолско, каде што, исто така, физички ја напаѓал.
На 25.10.2024 во 03.00 часот на ул. „22 Април” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 31 и 28 години двајцата од Битола. При преглед кај едното лице.биле пронајдена грутчеста материја и марихуана, додека при преглед кај второто лице била пронајдена прашкаста материја. Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот ќе следуваат соодветни пријави.






