Еурофарм Пелистер – Радовиш 45:23 (21:11)
Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола лесно дојде до бодови против екипата на Радовиш, која е аутсајдерот во домашното првенство, а “пелистерци“ запишаа 45 гола, а конечниот резултат беше 45:23, полувреме 21:11.
Со видоизменер состав без Кузмановски, Хосни, Арбутовиќ, без минути на Митревски, Пешевски… Еурофарм Пелистер уште од почетокот покажа кој кај е во Супер лигата. “Пелистерци“ тргнаа со 5:0, а за брзо време дојдоа и до 11:2. Разликата дојде и до +12 во првото полувреме, а на одмор се отиде со 21:11.
Како и во првото, така и во второто полувреме екипата на Радовиш не можеше да направи ништо повеќе, туку само се обидуваше да парира, ама тоа беше невозможно. Македонски ракометари и оние кои имаат мала минутажа лесно ја го одиграа натпреварот. Разликата во квалитет донесе и резултатска разлика, и постигнати 45 гола.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Цветан Кузманоски со 9 гола, Павле Петровиќ постигна 8 гола пред да биде исклучен.











