Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: апсење за марихуана, физички напад, пожар во Беранци, пријава за починато лице, повреден моторциклист

На 26.10.2024 полициски службеници од СВР Битола го лишиле слобода 49 годишник од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и прашкаста материја. Лицето било задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.10.2024 во 22.30 часот во СВР Битола Н.Ј. (43) од Битола пријавил дека на ул. “Раштански пат“ во Битола бил физички нападнат од неколку лица.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 26.10.2024 во СВР Битола било пријавено дека околу 10.50 часот во село Беранци, битолско настанал пожар кој зафатил повеќе бали со слама, кои биле наредени во импровизирана просторија, сопственост на Н.Н. (31) од село Беранци. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица  Битола. Повредени лица нема.

На 26.10.2024 во 13.00 часот во Казнено поправната установа Затвор Битола кај осуденик на возраст од 37 години од Битола била пронајдена марихуана, грутчеста материја, како и шише со непозната течност. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.10.2024 во СВР Битола Д.П. (55) од Битола пријавил дека во дом на ул. “Цветан Димов“ во Битола починала  Е.К. (88) од Северна Ирска, со престој во Битола. Смрт без траги на насилство констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Увидот извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 26.10.2024 во 10.19 часот во СВР Битола било пријавено дека на патниот правец Битола-Ресен, кај место викано Превалец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од 43 годишник од Битола, и патничко моторно возило “фолксфаген“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 55 годишник од село Лера, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторциклот, констатирани од доктор во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »