Ученичките од гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола Ана Марија Вељковиќ, Матеа Ѓоревска и Ангела Талева, менторирани од професорката Фанија Наумовска, учествуваа на 4. форум за жени и девојки во СТЕМ, кој се одржа во Будимпешта.
На истиот му претходеше учество на меѓународен ученички предизвик поставен од организацијата Girls go circular EU, каде тимот разви своја идеја за алатка за вештачката интелигенција, која ќе помогне во премостувањето на родовиот јаз во STEM.
Притоа беа избрани за тим кој ја имаше најдобрата иновативна идеја од Македонија и беа поканети да учествуваат на Women and Girls in STEM Forum и да ја претстават нашата земја во Будимпешта.
Форумот за жени и девојки во СТЕМ е годишен водечки настан кој го слави успехот на иницијативата Girls Go Circular, во соработка со Европскиот институт за иновации и технологија (EIT) и Европската комисија (DG-EAC).

Средношколки од Горна Гимназија од Битола на 4. форум за жени и девојки во СТЕМ во Будимпешта
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево и топло, температурата до 32 степени
- Двајца битолчани дел од тимот на “Аџибаден Систина“ кој изведе роботски асистирана нефректомија
- Општина Битола и со ЖРК Пелистер ќе потпише ракометна платформа
- СВР Битола: ќерќа нападнала татко, двајца битолчани возеле без возачка
- Денес е Св. Фануриј, се меси Фанурија – колачот кој исполнува желба





