Денес се изрши порибување во Акумулацијата Стрежевско езеро со која стопанусува јавното претријатие “Стрежево“ од Битола. Порибувањето се реализира согласно Законот за рибарство и аквакултура, договорот за концесија, риболовната основа и годишниот план за заштита и стопанисување со рибниот фонд во акумулацијата Стрежево.
Локацијата на која се извши порибувањето беше браната “Стрежево”, крајбрежниот појас во близина на командната зграда и шахтниот преливник на акумулацијата.
Директорката на ЈП “Стрежево“ Вера Бешлиевска за денешното порибување рече:
-Денеска согласно Законот за рибарство и аквакултура, извршивме порибување на акумулацијата “Стрежево“ од сопствени финансиски средства. Беа порибени 6.000 единки со подмладок од крап и пастрмка. Порибувањето го направивме со подмладок од репроцентарот “Акватика“ од Неготино согласно Риболовната Основа и Годишниот план со циприниди и благородни видови на риби. Ние со денешното порибување ја потврдуваме нашата одговорност и грижа за заштитата и одржувањето на животната средина и одржливо обновување на рибниот фонд. “Стрежево“ во иднина во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Државниот Земјоделски инспекторат плански и одговорно ќе управува со рибниот фонд во акумулацијата.
На денешното порибување присутвуваше и директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Анакиев.
-Порибување може да врши концесионер на риболовни води за вршење на рекреативен риболов кој има склучено договор со владата на Македонија, а согласно риболовна основа и годишен план за заштита и стопанисување со рибите каде е предвидено со кој вид на риба порибителен материја и која количина треба да ја пориби. Конкретно за акумулација “Стрежево“ договор има склучено ЈП “Стрежево“ за период од 6 години. Порибувањето се врши со подмладок риби од вид речна пастрмка и крап одгледан во регистрирано мрестилиште за производство на порибителен материја. На акумулација “Стрежево“ порибува со со 150 килограми речна пастрмка со маса од 10-70 грама единка, и со 200 килограми крап со маса од 50 до 800 грама единка.
Јавното претријатие “Стрежево“ од Битола плански управува со рибите во акумулацијата, овозможува трајно користење на рибите преку одржлив развој на рекреативниот и спортски риболов, како и развојот на аквакултурата.

Стежевско езеро порибено со 6.000 единки на пастрмка и крап (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Диего Басанесе хрватски младински репрезентативец нов член на Еурофарм Пелистер
- Битола денес и утре центар на балканското џудо
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 29 степени
- Започна проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија“
- Свечено доделување на дипломи во “Идеал контакт“ од Битола – прослава на знаење, труд и успех





