Press "Enter" to skip to content

Капитенот Ивановски со гол во “судиското време“ е спортскиот херој на Битола, Пелистер го победи Вардар во преполн стадион (фотогелерија)

Пелистер – Вардар 1:0 (0:0)

Пред преполна нова трибина и 6.000 навивачи, во Битола на стадионот под Тумбекафе, “Петар Милошевски“ фудбалерите на Пелистер, со гол на капитенот Мирко Ивановски, во судиското продолжение , во 92. минута го победија Вардар во вечното дерби на македонскиот фудбал, во рамките на 13. коло од ПФЛМ. Овој натпревар може да се запише како историски бидејќи за првпат на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола се играше натпревар под рефлектори во вечерен термин, во одлична атмосфера, со барање на карта повеќе.Како и заврши така и започнаа воздудувањата во Битола со првата закана кон голот на Вардар на Мирко Ивановски кој го тестира голманот Гачевски. Се играше главно дефанзивно, а двете екипи посветија повеќе внимание на својот гол.Кон крајот на првиот дел “пелистерци“ ја презедоа и ицијативата, но без конкретни решенија. Шанса имаше Вардар по една контра, кога одбраната на Пелистер погреши, но ударот на  Закариќ заврши над голот. Следуваше долго прво судиско продолжение но без голови.И вториот дел тргна исто како и првиот, со обид на Ивановски од дистанца. Следните минути беа во знак на Вардар кој ја презеде иницијативата, имаа три шанси за водство, преку французинот, Џибрил Дианеси.Потоа атмосферата на трибините и желбата да се постигне гол и победа му донесоа на фудбалерите на  Пелистер иницијатива и обид за гол. Последната минута од регуларниот дел ја донесе и најдобрата прилика за вардарци, по центаршут со глава биеше Дианеси, а Јовчевски одби во корнер.Кога сите некако се смирија под Тумбекафе, и течеше 92. минута, нововлезениот Љамчевски нафрли, “пелистерци“ бараа пенал, но топката падна пред Мирко Ивановски кој од прва биеше по земја на десната страна на Гачевски, постигна гол, а потоа следуваше ерупција на трибините.Ивановски заврши на трибината кај “Чкембарите“ доби врор жолт, а потоа и црвен картон.

 

More from ВестиMore posts in Вести »