-Немам видено толку “Чкемаби“ на едно место, ова е рекорд, не знам дали ќе има мотив и желба ова да се повтори, а одам на многу натпревари, ни рече по завршувањето на натпреварот еден возрасен навивач, кој со нас се најде на теренот позавршувањето на вечното дерби од мак фудбалот Пелистер – Вардар кој се одигра вечерва под рефлектори на стадионот под Тумбекафе “Петар Милошевски“ во Битола.
А, мобилизацијата која “Чкембари“ ја прогласија низ цел Битола, со транспаренти, видеа, пораки… вроди со плод, на трубините имаше повеќе од 1.000 навивачи, членови на навивачката група, од Нова Битола, од баир, од Ушици, од Карпош, од Јенимаале…
Секако на почетокот беше “Чкембарот“ со костум, што ја покажа конзулска Битола, а крајот беше со песна за Битола.
А на трибините атмосферата од пред почетокот на натпреварот, песна, шалови, знамиња, транспаренти, бодрење, пиротехника, огномет… се во знак на поддршката на Пелистер и со цел да се дојде до победа над Вардар.
Радоста дојде на крајот на натпреварот, во судиск0то време, кога експлодира вулканот на трибината, а кулминираше кога стрелецот на голот до кој го победивме Вардар, капитенот Мирко Ивановски се качи на трибините…
На трибините традиционално се појавија и “Чкембари ветерани“ каде беа и дел од оснивачите на “Чкемабрите“ во 1985 година…
Фото: Дамијана Ристевска










