Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно, температурата до 16 степени

Денес, понеделник, 4 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 16 степени.

Утре, вторник, 5 ноември, во Битола времето ќе биде наутро постудено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата во Битола до 18 степени.