Press "Enter" to skip to content

МНД Битола со тркалезна маса “Науката кај нас“ по повод Меѓународниот ден на науката (фотогалерија)

Македонското научно друштво Битола вечерва во Роднокрајното одделение при Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ – Битола по повод Меѓународниот ден на науката се одржа Тркалезната маса на тема: „Науката кај нас“.На оваа Тркалезна маса учествуваат голем број на членови на МНД Битола, а дите нив ги поздрави престедателката проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска, која беше и воведничар, при што  рече:

-Македонското научно друштво-Битола како најстаро научно друштво во државата во изминативе 65 години дава значен придонес за развој на науката со организирање на научни конференции, симпозиуми, собири, тркалезни маси, но и преку научната работа на членовите на МНД која е евидентна во објавените научни резултати во многубројни референтни научни публикации или презентирана на меѓународни научни конференции. Затоа се собравме тука денес, да развиеме дискусија околу некои клучни прашања поврзани со статусот на научната мисла кај нас. Кои научни дисциплини се развиени или се развиваат, а кои се во стагнација како резултат на глобалните трендови, но и на општествените прилики во државата, со какви потешкотии се соочуваат истражувачите, со какви потешкотии се соочуваат истражувачите при истражувачката работа или при објавувањето на научните резултати во научни публикации во земјата и странство, дали научните институти во државата ја добиваат соодветната финансиска помош за научно-истражувачка работа, дали универзитетите ја поттикнуваат научната мисла и во каки форми или облици го прават тоа, дали постои меѓуинституционална соработка за научни цели и за научно-истражувачка работа, и дриги проблеми.На тркалезната маса панелисти беа поранешните претседатели на МНД Битола, ректорот на УКЛО – проф. д-р Игор Неделковски, проф. д-р Борис Ангелковски, д-р Марјан Танушевски и д-р Невена Груевска. Ректорот на УКЛО – проф. д-р Игор Неделковски се осврна на истражувачката работа на професорскиот кадар, за финансирањето на науката во државата, а направи споредба со финансирањето на истражувачките проекти во соседните држави и пошироко. Неделковски повика што поголем број млад академски кадар да се занимава со научна работа, а да не бидат само повозрасните професори. Проф. д-р Борис Ангелковски, иако највозрасен од панелистите се осврна на користењето на вештачката интелеганција во науката, прибивките од неа и начин како да се употребува, а и се заблагодари на МНД Битола, за тоа што, како рече му го продолжило работниот век, и се уште работи на проекти од неговата дејност.Д-р Марјан Танушевски се осврна на основачите на МНД Битола, односно преходниците кои велеа дека научното друштво е свест и совест на градот, говореа без страв и влијаеја на политиките на развојот на градот. Така треба и во иднина, интелектуалците да се охрабруваат за јавно да говорат со своите стручно-научни анализи, аргументирано да критикуваат и да овозможат предвидливост. Науката не поднесува изолација, напротив таа е отворена за сите.Д-р Невена Груевска истакна дека итно е неопходно да се поттикнат младите научни кадри поинтензивно да се вклучат во научно истражувачки активности, со цел да своите иновации и научен развој, ги применат реално во индустријата и технолошкиот развој на земјата. Тој циклус треба да започне првенствено во образовните институции каде се поставува основата на науката. Потребно е напуштање на стереотипните начини на предавања,внесување  на  одредени реформи и примени на нови иновативни техники на учење,  вклучување во проектни и самостојни истражувачки активности на студентите во соодветни лаборатории и институти.Во дискусијата се вклучија и проф. д-р Златко Жоглев кој нагласи дека членовите на МНД Битола да бидат поактивни и да создаваат проекти на кој носител ќе биде МНД Битола, а тоа ќе помогне и за понатамошен развој на Друштвото. Проф. д-р Цветко Смилевски, им порача на сите да се среќаат што почесто, а не само да гледаат, туку да разговаат за сегашноста и иднината, а од средбите кои ќе бидат наското да произлезат идеи, како во април идната година достојно да се одбележи, големиот јубилеј на МНД Битола, 65 години од постоењето.-Се надевам дека денес развивме дискусија за барем дел од овие прашања и дека на тој начин ќе ја подигнеме свеста за статусот на науката кај нас во современи прилики, но и дека ќе ја дефинираме улогата на МНД за развојот на научната мисла во нашето општество, заклучи престедателката на МНД Битола, проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска.Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »