Press "Enter" to skip to content

Пелистер постигна 110 поени и го победи Феникс пред празни трибини во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Феникс 110:93

Кошаркарите на Пелистер пред празни трибини во Битола ја продолжија победничката серија во домашниот шампионат и го запишаа четвртиот триумф. Во салата „Боро Чурлевски“, која беше празна поради суспензијата од КФСМ “пелистерци“ демонстрираа моќ против Феникс 2010 и постигнаа 110 поени, триумфирајќи со 110:93.Гостите од Скопје одлично се бореа, прикажаа и повеќе од достоен отпор, но квалитетот и искуството на битолчани беше пресуден фактор за да се стигне до посакуваниот резултат.Натпреварот почна со тројка на Антоан, а по нецели две минути и тројката на Костоски “пелистерци“ веќе имаа 8:2. Сепак, тимот на Феникс успеа да се врати, па по предноста на Пелистер од 20:15 следеше израмнување на 20.20. Двата тима беа исклучително опасни во нападите, па по 10 минути игра резултатот гласеше 24:26 за Феникс, по слободните фрлања на Марфи на 25 секунди до крајот.Во втората четвртина гостинскиот тим целосно му парираше на Пелистер се до предноста од 36:38 во 15. минута. Тројката на Лука Стојановски го почна шутерското шоу на „зелено-белите“, следеа и прецизни удари од далечина на Мишковиќ и на Антоан… на спротивната страна Феникс влезе во грешки што Пелистер ги претвори во лесни поени од контранапад и предноста експресно порасна на 53:41, а на одмор се замина со +13  за Пелистер (59:46).Иако според случувањата во првиот дел се мислеше дека ќе се играат рутиски во продоението тоа не се случи. По убедливото водство на Пелистер од 65:51 следеа 12 поени во низа на гостинскиот тим, и тајм-аут на Петровиќ. Нивната серија ја прекина Лука Стојановски, во ритам влезе и Мишковиќ со осум поени во низа, сигурноста во играта на Пелистер се врати и на крајот на третата четвртина резултатот гласеше 80:73.

Антоан постигна брзи четири поени на последниот период, најавувајќи ја фуриозната игра на битолчани која овозможи позитивата да расте од минута во минута. Тренерот Петровиќ во финишот им даде шанса на помладите во финишот, но тоа не се одрази на резултатот, предноста дополнително се зголеми и Пелистер на крајот славеше со конечни 110:93.

Во главна улога беше Мишковиќ кој одигра извонреден меч постигнувајќи 30 поени, надополнети со 13 скокови,  седум асистенции, три украдени топки и две блокади. Антоан го заврши мечот со 18 поени и 6 асистенции, Стојановски постигна 15 поени, а Едвардс го заврши мечот со 13 поени и седум скокови.Следен предизвик за Пелистер е гостувањето во Сомбор против Џокер во рамките од 4.коло во АБА2 лигата.