Кошаркарите на Пелистер од Битола попладнево го одработија првиот од планирание два тренинзи во градската сала “Мостонга“ во Сомбор, Србија, на екипата на Џокер, клубот на Никола Јокиќ.
“Пелистерци“ натпреварот против екипата на Џокер ќе го играат во рамките на 4. коло од АБА2 лигата.
Во тимот на Александар Петровиќ го нема Боич кој веќе извесно време е повреден, а во Сомбор не патуваше и Бошалевски.
Петровиќ го искористи правото за првиот тренинг од предвидените два, а утре на денот на натпреварот ќе има тренинг наутро.
Кошаркарите на Пелистер во Сомбор допатуваа околу 11 часот по ноќното патување, а по пристигнувањето имаа прилика да го видат градот Сомбор, а потоа имаа и краток состанок со стручниот штаб, пред тренингот.
Клубот Џокер им излезе во пресрет на Пелистер, согласно правилата за одигрување на натпревари во АБА2 лигата.
Од Сомбор, Сашо Ристевски
[ngg src=”galleries” ids=”2191″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]











